Компанијата "Алијанса" од Кавадарци на двата пункта во велешките села Горно Оризари и Бузалково за само десетина дена откупи над 100 тони тутун. Дневно се откупуваат по десетина тони квалитетен тутун од сортите прилеп", јака" и басмак". Експертите велат дека годинава родот поради сушата, е намален, меѓутоа, квалитетот е повеќе од добар. Од досега откупените количества 80% од тутунот се од прва и втора класа и достигнаа откупна цела од 160 до 190 денари за килограм. Со овие цени се задоволни и тутунопроизводителите. Велат дека за разлика од минатата, оваа година немаат никакви забелешки, како од проценките, така и од откупната цена. Презадоволен сум и од цената и од односот на оценувачите. Предадов 600 килограми тутун. Повеќе од половината беа оценети прва, дел втора, а многу мали количества беа оценети во пониските категории. Парите ги добив три дена по предавањето на тутунот. Догодина ќе засадам поголеми површини бидејќи со оваа цена и со субвенцијата од едно евро за килограм, тутунот е рентабилна култура.
Компанијата "Алијанса" од Кавадарци на двата пункта во велешките села Горно Оризари и Бузалково за само десетина дена откупи над 100 тони тутун.
Дневно се откупуваат по десетина тони квалитетен тутун од сортите прилеп", јака" и басмак". Експертите велат дека годинава родот поради сушата, е намален, меѓутоа, квалитетот е повеќе од добар. Од досега откупените количества 80% од тутунот се од прва и втора класа и достигнаа откупна цела од 160 до 190 денари за килограм. Со овие цени се задоволни и тутунопроизводителите. Велат дека за разлика од минатата, оваа година немаат никакви забелешки, како од проценките, така и од откупната цена.
- Презадоволен сум и од цената и од односот на оценувачите. Предадов 600 килограми тутун. Повеќе од половината беа оценети прва, дел втора, а многу мали количества беа оценети во пониските категории. Парите ги добив три дена по предавањето на тутунот. Догодина ќе засадам поголеми површини бидејќи со оваа цена и со субвенцијата од едно евро за килограм, тутунот е рентабилна култура - вели Билал Ајдиновиќ од Оризари.
Од 550-те тутунопроизводители, кооперанти од овие и уште од други десетина села во општините Велес, Чашка и Градско, кои под тутун имаа повеќе од 350 хектари, Алијанса" планира да откупи над 220 тони квалитетен тутун.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес не информираа дека откупот на тутунот се одвива во најдобар ред. Покрај Алијансаа, тутун откупува и Сокомак", додека сеуште откуп нема започнато велешката компанија Центро табак". Над 2.000 тутунопроизводители годинава под жолто злато имаа засадено 550 хектари од кои се очекува компаниите да откупат над 1.200 тони квалитетен тутун.